И оваа сабота 254 лица со храна во рака

11 Sep 2021 | Седмичен оброк

Работиме на тоа што повеќе лица нахранети со топол оброк. Минатава сабота (11.09.2021), заедно со Ретвитниоброк обезбедивме оброк на бездомниците. Посебно сме благодарни на оние кои дадоа свој придонес:

Ретвитниоброк преку Везилка обезбеди 100 оброци (златна мешавина, компир со месо)

Градинка Светот на Колортес http://svetotnakolores.simplesite.com/ : 20 (оброци со компир)

Лефтерис, Јулија и Елени 34 оброци (макарони со сос)

Љубезност обезбеди 110 леба и 100 оброци конзервирана храна

Во реализирање на овие седмични активности имаме поддршка од Град Скопје, компаниите PowerView и CMXSolutions, а програмските активности на здружението ЉУБЕЗНОСТ се со поддршка на програмата на CivicaMobilitas.