Акцијата за делење училишен прибор активно продолжува

28 Sep 2021 | Сезонски активности

По иницијатива на организацијата Umbrella за посета на центарот за сместување на бездомници во Визбегово, нашиот тим измами насмевка на 30 дечиња со нов училишен прибор и нови ранчиња.

Се радуваме за ваквите донации кои се од големо значење на дечињата кои одат на

училиште.

Во реализирање на активностите имаме поддршка од InPlayer , Intertec.io , IT Labs, Slice Macedonia , и програмските активности на здружението #ЉУБЕЗНОСТ се со поддршка на програмата на #CivicaMobilitas