ДОНИРАЈ

Љубезност е непрофитабилна и невладина организација и за да функционира неопходни се донации од сите кои можат да помогнат. Вашите донации се важни за социјално загрозените семејства и бездомниците бидејќи им намалуваат дел од проблемите и барем малку им го олеснуваат животот. Како организација ги реализираме активностите редовно и донациите ги дистрибуираме директно до најранливите категории на граѓани. Секојдневно се зголемува интересот и бројот на луѓе кои ни се приклучуваат, па зошто да не бидете и вие дел од ова?

Донација за храна

Донација
за храна

Донација
за храна

Иако храната е најосновно човеково право, а не привилегија, сепак бројот на гладни луѓе во светот постојано се зголемува и тоа не ја одминува ни нашата земја. Голем е бројот на индивидуалци и цели семејства кои не можат да си обезбедат најмалку еден оброк во текот на денот.

Потребата за доставување на храна на нашите крајни корисници (бездомници и социјално загрозени семејства) е секојдневна и се повеќе се зголемува, но поради ограничените количини со кои располагаме, не сме во можност во целост да излеземе во пресрет на детектираните потреби. За сега, редовно ги обезбедуваме саботните топли оброци и доставуваме повремени пакети со храна, но дефинитивно имаме потреба од поголеми количини.

Да им помогнеме на оние на кои обезбедувањето на храна им е голем предизвик. Со вашата донација придонесувате барем малку да им ги ублажиме проблемите кои ги имаат во тешкото секојдневие. Да бидеме причина за нечија насмевка – да ги израдуваме со пакет храна!

  • Преку цела седмица, кој како се снајде, некогаш еднаш во денот, а некогаш и еднаш на два дена, бездомниците се снаоѓаат со сува храна или остатоци од храна.

Секој може да се вклучи со купување онлајн преку платформата Box2Help или со донирање во фондот на Љубезност за набавка на храна преку избирање на сумата од понудените опции.

100
ден
300
ден
500
ден
1000
ден
3000
ден
custom amount (1-100000)
ден

Исто така можете да донирате и преку банкарска трансакција на следниве трансакциски сметки.

Донација за
хигиенски средства

Донација за
хигиенски
средства

Донација за хигиенски средства

Личната хигиена како најважен дел од животот на еден човек треба редовно да се спроведува, но претставува проблем кога недостигаат парични средства за да се обезбедат основните производи од хигиенски средства. Малиот буџет со кој што располагаат дел од нашите сограѓани, не можат да си дозволат да купат детергенти, шампон, сапун, прашок за перење и останато.

Согласно условите и можностите, се трудиме да обезбедиме хигиенски средства преку различни донатори и донаторски настани. Хигиенските средства се составен дел од редовните достави на донации во домовите на социјално загрозените семејства кои се наши крајни корисници.

Голем број на донатори се отповикуваат на нашите апели и покажуваат како може – и – како треба, да се биде позитивен пример за да им ги олесниме деновите. Купувајќи еден од ваучерите подолу, донирате пакет со хигиенски средства за социјално загрозено семејство во износ од соодветниот ваучер.

  • Се грижиме за личната хигиена на нашите крајни корисници.

Секој може да се вклучи со донирање, преку избирање на сумата од понудените опции.

100
ден
300
ден
500
ден
1000
ден
3000
ден
custom amount (1-100000)
ден

Исто така можете да донирате и преку банкарска трансакција на следниве трансакциски сметки.

Донација за лекарства

Донација за
лекарства

Донација за лекарства

Голем број на наши сограѓани, поради социјалната ситуација во која се наоѓаат, не се во можност да си обезбедат лекарства, кои се неопходни за подобрување на нивното здравје. Се среќаваме со луѓе кои не се во можност да купат ниту еден лек кој чини 30 или 50 денари, а според терапијата која им е препишана, имаат цел список со лекови кои треба да ги набават.

Имаме луѓе кои ги донираат своите залихи на лекови, исто така и индивидуални донатори кои директно ги купуваат препишаните рецепти, но потребите за обезбедување на лекови се повеќе се зголемува. Среќни сме што се уште имаме поддржувачи и пријатели кои имаат чувство за емпатија и хуманоста е дел од нивниот индивидуален карактер.

Доколку и вие сакате да помогнете некому да ги добие своите потребни лекарства на време овој месец, со цел да се подобри нивното здравје, одберете една од веќе понудените суми или сами внесете го износот кој сакате да го донирате.

  • Хуманост на дело - донирани лекарства од наши сограѓани.

Секој може да се вклучи со донирање, преку избирање на сумата од понудените опции.

100
ден
300
ден
500
ден
1000
ден
3000
ден
custom amount (1-100000)
ден

Исто така можете да донирате и преку банкарска трансакција на следниве трансакциски сметки.

Донација за сметки за струја

Донација за
сметки за струја

Донација за сметки за струја

Нашите тимови при посетите на социјално загрозените семејства воочуваат дека голем број на семејства се заглавени во долгови и имаат заостанати не платени сметки за струја. Најчесто на некои од нив им е исклучена електричната енергија и живеат во темнина, а други пак се во исчекување во секој момент да им биде исклучена истата. Без струја во домот, ја немаат можноста за затоплување, за припрема на храна и за извршување на основни хигиенски потреби.

Во соработка со иницијативата Ways2Help се прави детална проценка на ситуацијата во која се наоѓаат семејствата. Согласно приоритизација, неплатените сметки за струја се поставуваат во листа на е-платформата „Плати сметка“, при што различни индивидуални донатори, согласно личниот поттик, електронски ги плаќаат сметките.

Внесете светлина и топлина во нечиј дом, каде што маките се големи. Оттргнете го стресот од долгови и исклучување на електрична енергија со плaќање на нивната сметка.

  • Платформата ‚‚Плати сметка‘‘ за струја

Секој може да се вклучи со плаќање онлајн преку платформата Ways2Help или со донирање во фондот на Љубезност за плаќање на сметки за струја преку избирање на сумата од понудените опции.

100
ден
300
ден
500
ден
1000
ден
3000
ден
custom amount (1-100000)
ден

Исто така можете да донирате и преку банкарска трансакција на следниве трансакциски сметки.

Донација за сметки за вода

Донација за
сметки за вода

Донација за сметки за вода

При посетите на социјално загрозените семејства, детектиравме дека дел од семејствата имаат проблем со снабдување со вода, поради големите финансиски проблеми. Од таа причина нивниот живот е отежнат и истите не можат да одржуваат хигиена и да извршуваат дел од секојдневните активности.

Согласно состојбата во која се наоѓаат, нашиот тим ги селектира семејствата на кои им е најпотребно плаќањето на сметки и ги става во електронскиот систем за донаторско покривање на истите. Заедно со иницијативата Ways2Help преку е-платформата „Плати сметка – за вода‘‘, овозможуваме електронски да се плати некоја од сметките, согласно личниот поттик на индивидуалните донатори.

Да се потрудиме да оттргнеме дел од многуте проблеми со кои секојдневно се соочуваат нашите сограѓани. Помогнете на оние кои им е најпотребно со плаќање на сметката за вода и обезбедете им ја основната компонента за одржување лична хигиена.

  • Платформата ‚‚Плати сметка‘‘ за вода

Секој може да се вклучи со плаќање онлајн преку платформата Ways2Help или со донирање во фондот на Љубезност за плаќање на сметки за вода преку избирање на сумата од понудените опции.

100
ден
300
ден
500
ден
1000
ден
3000
ден
custom amount (1-100000)
ден

Исто така можете да донирате и преку банкарска трансакција на следниве трансакциски сметки.

Донација за вдомување

Донација за
вдомување

Донација за вдомување

Секојдневно среќаваме бездомни лица на улица, кои поради некои причини ги изгубиле своите домови и се на работ на егзистенција. Наоѓаат привремени засолништа, под мостови, во влезови на згради, паркови, напуштени објекти и друго.

Во земјава нема доволнен број на прифатни центри за бездомници, така што тие се оставени на милост и немилост на временските услови, но и на добрата волја на своите сограѓани. Ова прашање е комплексно, па затоа потребни се системски решенија за да може успешно да се решава оваа проблематика. Како здружение вдомивме определен број бездомници, истите се сместени во индивидуални соби и работиме на нивна реинтеграција.

Секој од нас заслужува топол дом каде што ќе се чувствува безбедно и пријатно. Донирајќи парични средства, помагате заеднички побрзо и поефикасно да го намалиме бројот на бездомници со вдомување на истите. Да се потрудиме да им го олесниме животот на таа ранлива група наши сограѓани.

  • После долго време сместен во несоодветни услови, најдовме пристојна соба за нашиот корисник Петар.

Секој може да се вклучи со донирање, преку избирање на сумата од понудените опции.

100
ден
300
ден
500
ден
1000
ден
3000
ден
custom amount (1-100000)
ден

Исто така можете да донирате и преку банкарска трансакција на следниве трансакциски сметки.

Донација за
вадење на документи

Донација за
вадење на
документи

Донација за вадење на документи

На терен се соочуваме со сериозни проблеми на нашите крајни корисници, посебно со тоа што дел од нив имаат потреба од вадење на документи. Ова е голем предизвик за нив, затоа што некои немаат лична документација, државјанство или извод. Без разлика на бојата на кожата, полот и возраста, секој човек треба да има лични документи, но за жал, има бројка на луѓе кои  долго живеат на маргините на нашето општество.

Многумина од нив не можат да ги остварат своите социјални права поради непостојана адреса на живеење, затоа што останале без сопствен дом од различни причини и не се во можност да плаќаат закупнина. Нашиот тим е нивна голема поддршка во целиот процес при покривање на трошоци за вадењето на потребните документите.

Истото е голем предизвик за ранливите категории на граѓани кои ги посетуваме, а воедно и за нас. Вашите донации ќе им помогнат да го совладаат истиот, да се здобијат со потребните документи и да ги остварат своите права.

  • Чичко Драги извади Извод и го пријавивме здравствено да биде осигуран.

Секој може да се вклучи со донирање, преку избирање на сумата од понудените опции.

100
ден
300
ден
500
ден
1000
ден
3000
ден
custom amount (1-100000)
ден

Исто така можете да донирате и преку банкарска трансакција на следниве трансакциски сметки.

Донација за оперативни
трошоци во Љубезност

Донација за
оперативни
трошоци
во Љубезност

Донација за оперативни трошоци во Љубезност

Во процесот на помош и поддршка на нашите крајни корисници се користат голем број на ресурси. Истите се потребни за да се реализираат активностите на терен при извршување на секојдневните задачи. Нашето делување како здружение е на национално ниво, а со тоа е потребно да се поминат голем број километри дневно.

Најголем дел од оперативните трошоци се поврзани со логистичката поддршка на активностите на терен. Истите се користат за посети на семејствата во нивните домови, собирање на различни материјали и добра од различни индивидуални и правни донатори, достава на донациите до нашите крајни корисници, придружба во вадење на документи, остварување на соодветни социјални права, придружба при лекарски прегледи.

Со вашата донација за покривање на оперативните трошоци на нашето здружение, овозможувате да бидеме флексибилни и квалитетни во давањето на услуги и на тој начин заеднички придонесуваме во помагањето на најранливата категорија на наши сограѓани.

  • Канцеларијата е место каде што се координираат сите активности, се остваруваат средби со соработниците и се дава поддршка на нашите крајни корисници.

Секој може да се вклучи со донирање, преку избирање на сумата од понудените опции.

100
ден
300
ден
500
ден
1000
ден
3000
ден
custom amount (1-100000)
ден

Исто така можете да донирате и преку банкарска трансакција на следниве трансакциски сметки.

Уплатата на вашите донации е безбедно и се процесира директно преку системот на Комерцијална Банка. Сајтот на Љубезност нема доприни точки со податоците од вашите платежни картички.

Donations
No donations

Donations

No donations

Донирање преку трансакциски сметки

ДЕНАРСКА СМЕТКА

ЗГ ЉУБЕЗНОСТ – СКОПЈЕ – Е ДОНАЦИИ
300000004297815
Комерцијална банка
Цел на дознака: „Донација за [наведете за што]“

ДЕВИЗНА СМЕТКА

ZG LJUBEZNOST SKOPJE
02-701-0031821.8
IBAN: MK07300701003182149
SWIFT: KOBSMK2X
Komercijalna banka, ul. Orce Nikolov br.3, 1000 Skopje