Истрајни до целта

29 Oct 2021 | Останати редовни активности

Голема благодаронст до медицинскиот персонал на торакална од клиничкиот центар Мајка Тереза , кои дадоа се од себе и се заложија нашиот клиент сепак да биде опериран на клиника наместо надвор од државата. Беше повикан доктор-специјалист од Турција кој во соработка со докторите од клиника ја извршија операцијата.

Како во претходниот период така и сега, преку донации беа обезбедени лекарства кои се потребни за побрзо закрепнување на пациентот.

Овие активности се целосно поддржани од Сојузно Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи на Република Австрија преку проектот ГРИЖИ СЕ, исто така имаме поддршка и од Град Скопје компаниите #PowerView и #CMXSolutions. Програмските активности на здружението #ЉУБЕЗНОСТ се со поддршка на програмата на #CivicaMobilitas.