Национален саем на социјални претпријатија

22 Nov 2021 | Останати редовни активности

За прв пат се одржа Национален саем на социјални претпријатија во Скопје и имаше отварање на Национален центар за поддршка на социјалните претпријатија.

Целта е центарот да овозможи системска поддршка на новите и на постојните социјални претпријатија, бидејќи тие се клучни во решавање на предизвиците на локално ниво поврзани со сиромаштијата, невработеноста и други социо-економски прашања во врска со интеграцијата на ранливите групи на граѓани.

.На саемот #Љубезност зема учество каде пред посетителите на својот штанд ги презентираше активностите и имаше можност да се запознае со работата на колегите од другите здруженија.

Особено значајна е социјалната компонента односно вклучувањето на ранливите категории граѓани и тешко вработливите лица на пазарот на труд. Им благодариме на организаторите за одлично организираниот настан.