Одржан онлајн настан

19 Nov 2021 | Останати редовни активности

Вчера (18.11.2021) се одржа онлајн настан кој е дел од меѓународната програма на Автриското министерство за труд и социјална политика со која се дава поддршка на најранливите категории, со акцент на ромската популација и на жените. Опфатени се 5 земји од кои е и Македонија. Проектот во Македонија започна во јули оваа година, а него го спроведуваат здружението Љубезност, хуманитарната фондација Македонски Каритас и Roma Democratic Development Association Sonce.

Во проектот се вклучени активности за вдомување на бездомни лица, дополнителна едукација и вокационо профилирање за деца и млади, обуки за основни животни вештини, отварање асистирани банкарски сметки за бездомните семејства, помош во обезбедување здравствено осигурување и посети на домовите на социјално загрозените семејства од мобилни тимови кои што даваат психо-социјални и правни услуги и медицинска помош.

Се зборуваше за овие активности, за целите и за она што е досега постигнато.Се радуваме за оваа средба и се трудиме истата да придонесе во процесот на воспоставување на квалитативни услуги за помош и поддршка на бездомните и социјално загрозените семејства.