PARADISE FOOD повторно со храна до најранливите категории на граѓани

10 Nov 2021 | Соработки

Paradise food, ресторан со специфичен и уникатен асортиман на производи од зготвена храна и слатки, уште еднаш ја покажа својата хуманост и солидарност. Обезбеди неколку оброци, чисто вегански и многу вкусни кои веднаш беа доделени на бездомниците во градот.

Се радуваме што се повеќе ресторани и иницијативи ни се придружуваат да помогнеме со храна на луѓето кои сами не можат да си ја дозволат.

Голема благодарност до сопственикот Саша и до сите вработени од ресторанот Paradise food.