Продолжуваме со делење училишен прибор

3 Sep 2021 | Сезонски активности

По повод новата учебна година, нашиот тим деновиве активно ги посетува дечињата од социјало загрозените семјства, со цел да ги израдува со нови ранчиња и училишен прибор и да им даде мотивација за постигнување поголеми успеси на училиште.

Во акцијата на 01.09.2021 беа посетени 16 семејства каде што беа поделени 32 ранчиња со училишен прибор, на едно семејство беше поделена 10 килограми храна. Школскиот прибор и ранците се донации од фирми и индивидуалци преку нашите искрени пријатели и соработници од Ways2Help.

Во реализирање на активностите имаме поддршка од InPlayer, Intertec.io, IT Labs, Slice Macedonia, и програмските активности на здружението #ЉУБЕЗНОСТ се со поддршка на програмата на #CivicaMobilitas