Сабота, 23.10.2021 – топол оброк за бездомници

25 Oct 2021 | Седмичен оброк

И оваа сабота заедно со #Ретвитниоброк го реализиравме седмичниот настан за бездомниците во градот при што се поделија 260 оброци. Голема благодарност на нашите постојани поддржувачи кои дадоа свој придонес и минатава сабота:

  • #Ретвитниоброк зготвија 111 оброци (ориз со јунешки колбаси)
  • Горан и Тања од Карпош 3: 51 оброци (ориз со пилешко)
  • Лефтерис, Јулија и Елени: 38 оброци (макарони со сос)
  • #Љубезност обезбеди 60 оброци конзервирана храна и 110 леба

Во реализирање на овие седмични активности имаме поддршка од Град Скопје, компаниите #PowerView и #CMXSolutions, а програмските активности на здружението #ЉУБЕЗНОСТ се со поддршка на програмата на #CivicaMobilitas.