СОРАБОТКА

Поддршката од различни чинители е од исклучителна важност за работата на здружението Љубезност. Бизнис секторот, институциите, индивидуалци, иницијативи, мрежи, други граѓански организации, на различен начин даваат голем придонес во реализирањето на нашите активности. Покрај материјални донации во разни видови на добра и парични донации, истите се вклучуваат и како волонтери во различни хуманитарни акции. Заедно сме посилни и можеме поквалитетно да помогнеме на што поголем број наши сограѓани.

СОРАБОТКА СО КОМПАНИИ

SUNILENS

Во изминативе шест години, оваа компанија на месечно ниво континуирано ни донира по 32 л. свежо сончогледово масло, како и дополнителни месечни количини од 50-60 л. преку еко-хуманитарниот проект „РЕЦИКЛИРАЈ И ДОНИРАЈ“.

CMX

Во изминативе пет години, оваа компанија ни дава постојана поддршка во обезбедување на дел од потребите со донација на храна, хигиена, лекарства, вадење на документи, покривање на дел од трошоци за гориво.

POWER VIEW 

Во изминативе четири години, оваа компанија ни дава постојана поддршка во обезбедување на дел од потребите со донација на храна, хигиена, лекарства, вадење на документи, покривање на дел од трошоци за гориво.

FURIOUS AVOKADO

Во изминативе две години, оваа компанија ни дава постојана поддршка во обезбедување на дел од потребите со донација на храна, хигиена, лекарства, вадење на документи, покривање на дел од трошоци за гориво.

СОРАБОТКА СО ИНСТИТУЦИИ

МТСП – Министерство за труд и социјална политика

Во изминативе пет години, имаме востановена соработка со МТСП во повеќе сегменти. Заедно со оваа институција ја реализираме заложбата за создавање на регистер за бездомни и социјално загрозени лица. Здружението Љубезност стана дел од регистарот на ГО во МТСП кои работат во социјалната свера. Во склоп на комуникацијата со МТСП имаме заеднички решавано поедини случаи на лица со определени социјални ризици, како и воспоставена дневна комуникација со определен број на Центри за социјална работа.

ГРАД СКОПЈЕ

Во изминативе пет години, Градот Скопје ги подржува програмските активности на здружението Љубезност во правец на помош и поддршка на бездомните и социјално загрозените семејства и поединци. Истото се реализира преку годишна грантова програма, како и со дирекни контакти и известувања во однос на определени индивидуални предизвици во социјалната свера, понатаму преку неделна донација на топли оброци, како и заеднички посети на социјално загрозени семејства и изнаоѓање начини на решавање на детектираните проблеми.

СОРАБОТКА СО МРЕЖИ

КОНЕКТ

Во изминативе седум години остваруваме соработка со оваа мрежа во делот на учество во субгрантова програма под името ПРОМЕНИ ЗА ОДРЖЛИВОСТ како и учество на различни обуки кои ги организираат во правец на градење на капацитетите на здружението. Исто така сме дел и од програмата за воспоставување на ОЗНАКА ЗА ДОВЕРБА.

МППС – Македонска платформа против сиромаштијата

Во изминативе седум години остваруваме неформална соработка со оваа мрежа, во делот на размена на искуства од тематики поврзани со социјалната свера, учество на трибини, семинари и конференции кои ги организираат и давање на личен придонес во определени истражувањa и анкети.

СОРАБОТКА СО ДРУГИ НВО

АДРА МАКЕДОНИЈА

Во исминативе седум години остваруваме постојана соработка со оваа хуманитарна организација. Соработката се состои во размена на искуства од секојдневната работа, взаемна поддршка во помагање на сиромашни семејства, взаемна логистичка поддршка во обезбедување на материјални добра и користење на возила.

СВЕТИ СПАС

Во исминативе пет години остваруваме постојана соработка со оваа хуманитарна организација. Соработката се состои во размена на искуства од секојдневната работа, взаемна поддршка во помагање на сиромашни семејства, взаемна логистичка поддршка во обезбедување на материјални добра и користење на возила.

СОРАБОТКА СО ИНИЦИЈАТИВИ

РЕТВИТНИ ОБРОК

Во изминативе седум години, наши соработници се иницијативата РЕТВИТНИ ОБРОК, кои секој петок со волонтерски ангажман готват определен број на оброци кои ни се потребни за споделување со бездомниците во саботите. Исто така даваат свој придонес во обезбедување и на дополнителен број оброци од други правни и физички лица.

WAYS2HELP

Во изминативе пет години остваруваме соработка со иницијативата Ways2Help со реализирање на различни активности за собирање на донации во храна, облека, постелнина, играчки, училишен прибор, компјутери. Исто така се создаде и платформа за плаќање на сметки за струја и вода за социјално загрозени семејства кои се наши крајни корисници.