ТИМ НА ЉУБЕЗНОСТ

Огромен е бројот на лица кои што низ годините на еден или на друг начин биле дел од Љубезност. Секој еден од нив со своето несебично и пожртвувано учество, оставил трага во Љубезност, придонесувајќи да се направи позитивна промена во животите на нашите сограѓани на кои им е неопходна помош. Во продолжение следува тимот од луѓе кои моментално се директно ангажирани во секојдневните активности на Љубезност. Мора да се напомене дека најголем дел од активностите на Љубезност не би можеле да бидат остварени без редовното или повремено ангажирање на голем број волонтери кои несебично се даваат себеси. Иако нивните имиња не се наведени овде, сепак едно е сигурно – без нив здружението Љубезност не би било тоа што е.

Тони Станковски

Претседател на ЗГ ЉУБЕЗНОСТ

Тони има завршено Бизнис менаџмент, претседател е на ЗГ ЉУБЕЗНОСТ, посветен на хуманитарниот повик уште од самите почетоци како иницијатива. Практикувањето на вистинските вредности на сочувство и помагање, му се вистински двигател секојдневно. Поддршката на бездомните и социјално загрозените му се повеќе отколку само обична работа.

Димитар Илчов

Соработник за финансии и извештаи

Димитар има академско знаење во делот на финансии, искуство во работење во различни сектори и аналитички способности. Тој има практично познавање на проблематиката на сиромаштијата и социјалната исклученост и е мотивиран преку неговиот ангажман во Љубезност да им помогне на луѓето кои се соочуваат со овие животни предизвици, затоа што и тој самиот порано бил еден од нив.

Весна Станковска

Координатор на активности

Весна има завршено педагошки факултет, ги координира активностите во здружението, покажувајќи искрена грижа за колегите и крајните корисници. Нејзиниот оптимистички и охрабрувачки дух, нејзиното сочувствително и разбирливо срце, изразени се на многу начини, особено во нејзиниот ангажман во поддршка на бездомни и социјално загрозени семејства и поединци.

Даниела Стефанова

Социјален работник

Даниела е дипломиран социјален работник, која со долгогодишното искуство на терен преку слушањето и разбирањето на човековите проблеми помага на луѓето да ги надминат тешкотиите . Посветена во целост на својата работа, се труди да го подобри животот на корисниците. Им дава поддршка на семејства во социјален ризик, со цел да се намалат или отстранат ризиците со кои се соочуваат.

Џејлан Велиу

Правник

Џејлан долго време се бави со активизам, особено насочен кон работнички права и социјална правда. Низ годините била дел од многу иницијативи, движења и различни облици на организираност на граѓаните. Низ активизмот подобро се запознава со животот на бездомните лица и социјално загрозените категории, со кои воспоставува врска на основа на емпатија и солидарност. Верува во вредностите како што се, еднаквоста, рамноправноста, другарството, заедничарењето и колективизмот, поаѓајки од тоа дека подобар свет е можен и неопходен.

Теодора Божиновска

Приправник – социјален работник

Теодора студира социјална работа и веќе неколку години е дел од нашата организација каде што се надоградува, се здобива со искуство и создава реална слика за случаевите со кои ќе работи во иднина. Ведра и насмеана, одговорно ги завршува задачите, помагајќи на семејствата со нивните предизвици и проблеми. Таа несебично се вложува себе си во сите активности на организацијата.