Вкупно поделени 300 оброци на бездомници

15 Nov 2021 | Седмичен оброк

И оваа сабота (13.11), повторно бевме пред спомен куќата на Мајка Тереза, делејќи топли оброци за бездомните лица. Не радува тоа што се повеќе ни се придружуваат во овие седмични активности.

И оваа сабота многу наши пријатели поддржувачи дадоа свој личен придонес во обезбедувањето на оброците:

  • #ретвитниоброк зготвија 138 топли оброци (72 оброци леќа со телешка колбасица и 66 оброци ориз со пилешко)
  • Репете – Домашна Кујна донираа 6 оброци и 6 лепчиња
  • Лефтерис, Елени и Јулијана зготвија 33 оброци (макарони со сос)
  • Горан и Тања – 48 оброци (ориз со пилешко)
  • Елена донесе 10 леба
  • Vitaminka донираше 200 пакетчиња чипс и 120 ресани
  • #Љубезност 75 оброци конзервирана храна и 110 леба

Во реализирање на овие седмични активности имаме поддршка од Град Скопје, компаниите #PowerView и #CMXSolutions, а програмските активности на здружението #ЉУБЕЗНОСТ се со поддршка на програмата на #CivicaMobilitas.