ВОЛОНТИРАЈ

Уште од самите почетоци па сè до ден денес волонтерите во Љубезност се клучен фактор во спроведувањето на сите активности. Широк е спектарот на луѓето кои биле/сè волонтери во Љубезност по многу основи, како на пример: возраст (деца од неколку годинишна возраст – придружувани од родителите, па се до пензионери над 80 годишна возраст); образование (лица без никакво формално образование, па се до доктори по науки), социјален статус (од невработени и социјално загрозени лица кои и самите имаат потреба од помош, па сè до лица кои се на највисоки државни функции или пак лица кои се управители или сопственици на успешни компании), итн. Но она што со сигурност е заедничко за сите волонтери во Љубезност е хумноста и спремноста да се помогне на оние кои им е потребна помош.

Апликација за волонтирање

Доколку се чуствувате спремни да дадете свој личен придонес како волонтер во активностите на Љубезност, во продолжение пополнете ја апликацијата. Здружението ќе ги евидентира вашите податоци и вашите намери за волонтирање и согласно потребите ќе ве контактира во даден момент.
Со вашето пополнување на апликацијата, вие давате согласност на здружението Љубезност да располага со вашите лични податоци за намената за кои сте ги внеле. Доколку во некој момент посакате податоците кои сте ги внеле да бидат избришани, истото може да се реализира, доколку ни испратите барање на нашата официјална е-маил адреса од вашата е-маил адреса која ја имате претходно пријавено во самата апликација.


Телефонскиот број нема да биде користен за ништо друго освен за комуникација поврзана со волонтирањето.
Вашиот e-mail нема да биде користен за ништо друго освен за комуникација поврзана со волонтирањето.

Внесете го местото каде што живеете.
Внесете го местото каде што би можеле да волонтирате.