316 ОБРОЦИ за бездомни лица

22 Nov 2021 | Седмичен оброк

Ни се приклучуваат нови индивидуалци и оваа поддршка ни значи на нас, а се од големо значење и на лицата кои за жал немаат можност секојдневно да ги купуваат.Посебно сме благодарни на оние кои дадоа свој придонес:

  • TINEX донираше храна во МЛАДИ ХАБ – Канцеларијата на Претседателот на државата, каде што сопругата на Претседателот на Македонија и сопругата на Претседателот на Полска заедно спакуваа 81 оброци ориз со пилешко и донираа 80 благи производи и 90 лепчиња
  • #Ретвитниоброк се погрижи да се зготват вкупно 80 оброци ориз со пилешко
  • Тања и Горан се погрижија да зготват 48 оброци – ориз со пилешко
  • Лефтерис, Елени и Јулијана припремија 32 топли оброци (макарони со сос)
  • Ненад и Тамара зготвија 21 оброк (макарони со пилешко и сос)
  • Руска и Елена донираа 9 оброци (со благи, овошје, конзерви и слично)
  • Здружението #ЉУБЕЗНОСТ обезбеди 45 оброци конзервирана храна и 110 леба

Во реализирање на овие седмични активности имаме поддршка од Град Скопје, компаниите #PowerView и #CMXSolutions, а програмските активности на здружението #ЉУБЕЗНОСТ се со поддршка на програмата на #CivicaMobilitas.