Активности во пресрет на зимата

26 Oct 2021 | Останати редовни активности

Во помагањето на сиромашните, наш приоритет се бездомниците. Тие се први на удар на студеното време и затоа во пресрет на зимата, започнавме со опремување зимски јакни, ќебиња, јоргани, плински уреди за греење и готвење, греалки и сл.

Според можностите што ги имаме и согласно наменските донации, паралелно и вдомуваме бездомници во изнајмени соби, а исто така имаме активности за нивно работно ангажирање.Поддршката од ваша страна во тој правец, е од исклучителна важност и ќе придонесе во подобрувањето на животот на овие наши сограѓани.

Програмските активности на здружението #ЉУБЕЗНОСТ се со поддршка на програмата на #CivicaMobilitas, како и од Сојузно Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи на Република Австрија преку проектот ГРИЖИ СЕ.