Поддршка од медицинска сестра и социјален работник

23 Nov 2021 | Поддршка на семејства

Луѓето кои беа посетени во Момин Поток, живеат во нехумани услови, дел од нив се без струја и немаат документи. Нашиот тим од социјален работник и медицинска сестра посетија семејства на кои им беше дадена соодветна поддршка.

Им беа дадени совети за здравјето и за вадење на документи, упатства за следни чекори и истите ќе бидат придружувани до установите каде што е потребно.

Овие активности се целосно поддржани од Сојузно Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи на Република Австрија преку проектот ГРИЖИ СЕ, исто така имаме поддршка и од компаниите Power View, CMX Solutions и Furious Avocado. Програмските активности на здружението #ЉУБЕЗНОСТ се со поддршка на програмата на #CivicaMobilitas.