Посета од колегите од Hvo-Querido од Амстердам

30 Nov 2021 | Соработки

Преку ЕРАСМУС + проектот: „Социјална инклузија преку живеење во заедницата“, колегите од Hvo-Querido од Амстердам беа во посета на Скопје, каде што од близу лично се запознаа со активностите на ЗГ ЉУБЕЗНОСТ за помагање на бездомните и социјално загрозени лица.

Во текот на неколку дена го посетија 24-часовниот шелтер центар во Чичино село, дневниот шелтер центар во Момин поток. Исто така имаа можност заедно со нашите тимови да посетат и бездомни и социјално загрозени лица кои се корисници на нашите услуги.

Имавме можност да ги размениме искуствата, да се запознаеме и со активностите и системските решенија кои се дел од Холандскиот социјален систем.